Top Sport

Нема тајни – Анчелоти уште сега ја кажа тактиката за финалето против Ливерпул

Карло Анчелоти нема тајни како ќе пристапи на финалето на Лигата на шампиони на 28 мај во Париз, против Ливерпул, јасно порачувајќи каква ќе биде тактиката да се спречи тимот на Јирген Клоп.

Во реприза на финалето во 2018 во Киев, кога Реал со 3:1 победа стигна до 13. европски трофеј, постоеја многу заинтересирани за „посебната“ тактика која Анчелоти, освојувач на четири титули од ЛШ ќе ја примени, но тој вели дека нема ништо необично.

„4-3-3. Понекогаш може да се случи и 4-4-2. Нема дефиниран систем, понекогаш да се притисне на средината, како што направивме со Сити, одите од 4-3-3 на 4-1-1-1. Идејата на фудбалот не се менува, само начинот на кој го притискаш противникот“, изјави Анчелоти.

Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ се постојани во средината за Реал, но Федерико Валверде и Едуардо Камавинга се можни замени. Анчелоти потврди дека Валверде, заедно со Родриго, ќе бидат стартери во Минхен.

„Двајцата ќе играат во финалето, тоа е вистина“, одговори Анчелоти.

Scroll to Top