Top Sport

Клоп: Има ли побесцелно натпреварување од Лигата на нации?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп продолжи со критиките на УЕФА, овојпат оценувајќи го натпреварувањето од Лигата на нации како „најсмешната идеја“ во модерниот фудбал.

Клоп минатата недела се побуни за распределбата на билетите за финалето на ЛШ во Париз, каде што ќе играат против Реал Мадрид, откако двата клуба ќе добијат само по 20.000 билети. Тој потврди дека контактирал со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и дека голем дел од фрустрациите доаѓаат поради воведувањето на новото натпреварување, Лигата на нации.

„Не зборувавме, тој ми прати СМС порака. Секако, му кажав дека треба да има повеќе билети за навивачите и мислам дека го повтори своето објеснување. 93 отсто од парите во Лигата на шампионите, а УЕФА добива неколку евра и ми порача дека треба да имам повеќе информации пред да зборувам, но јас секогаш ќе имам свое мислење. Но, причината поради која не сум во добро расположение кога зборувам со УЕФА е Лигата на нации. Мислам дека тоа е една од најсмешните идеи во светот на фудбалот, бидејќи сега завршуваме сезона во оја некои фудбалери играле повеќе од 70 натпревари, што е лудо. Затоа би сакал УЕФА да зема повеќе пари од Лигата на шампионите, но да престане со Лигата на нации. Тоа е моето мислење“, вели Клоп.

Тој исто така не е задоволен од проширувањето на Лигата на шампиони од 32 на 36 клуба.

„Немав време да ги разгледам, но повеќе натпревари секогаш се лоша идеја, да бидам искрен. Долго време зборувам за тоа, но никој не е заинтересиран“, додава Клоп.

Scroll to Top