Top Sport

Ненадејно во Катар почина уште еден новинар

Неполни два дена по тажната вест за смртта на американскиот новинар Грант Вол, кој почина од срцев удар на натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина, од Катар пристигнa вест за уште една ненадејна смрт на новинар кој го следел Сетското првенство.

Калид Ал Мислам, фоторепортер на ТВ Ал Кас, починал во неделата. Засега не се разјаснети околностите за неговата смрт.

„Ал Мислам, Катарец, ненадејно почина додека ја вршеше својата работа известувајќи од Светското првенство. Ние веруваме во Божјата милост и прошка за него и изразуваме најдлабоко сочувство до семејството“, објави катарскиот Гулф тајм.

Информацијата за смртта на фоторепортерот ја потврди и неговата матична куќа ТВ Ал Кас.

Scroll to Top