Фрајбург го продолжи фантастичниот старт на бундеслигашката сезона, победувајќи ги со 3:0 Аугзбург во неделната програма во шестото коло, по кое само тие и лидерите Баерн Минхен се клубовите без пораз.
Мечот против Аугзбург, домаќините го решија уште во првиот половина час на „Драјзамштадион“ – Лукас Кублер им донесе водство уште во шестата минута, пред Лукас Холер во 25. минута да зголеми на 2:0. Во 33. минута, Италијанецот Винченцо Грифо од пенал успеа да ги постави конечните 3:0.
Ова беше последен меч на Фрајбург на нивниот „Шварцвалд“ стадион пред преселбата на новиот „СЦ-стадион“, нова фудбалска арена со 34.000 седишта.
БУНДЕСЛИГА, 6.КОЛО
Фрајбург – Аугзбург 3:0
Бохум – Штутгарт 0:0
Standings provided by SofaScore LiveScore