Top Sport

„Топови“ во северен Лондон – Арсенал го декласираше Тотенхем

Арсенал ја забележи третата победа во низа во Премиерлигата, овојпат најслатката, откако во атомско прво полувреме го декласираа лутиот градски ривал Тотенхем, за 3:1 победа, со која иронично, му го нанесоа третиот пораз во низа на Спарси, и ги поминаа на табелата!

На полниот „Емирати“, „забавата“ почна рано, уште во 12. минута, кога Букајо Сака му асистираше на Емил Смит-Роув за делириум на стадионот, за веќе во 27. минута, Пјер-Емерик Обамејанг да зголеми на 2:0. Сака во 34. минута најави голема победа на Арсенал, а навивачите на Тотенхем полека почнаа да си заминуваат од стадионот.

Во второто полувреме, Арсенал не го заддржа овој ритам, разбирливо поради резултатот, додека Тотенхем успеа само да намали на 3:1 преку Сон Хеунг-Мин во 79. минута, за да го загубат четвртото по ред дерби на северен Лондон и да го префрлат притисокот на тренерот Нуно Еспирито Санто, додека во исто време Микел Артета засега изгледа сигурен на другата страна.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top