Top Sport

„Непријатели“ само 90 минути – Мбапе и Хакими во прегратка по тешката битка

Килијан Мбапе и Ашраф Хакими покрај тоа што се соиграчи во тимот на Пари Сен-Жермен се и огромни пријатели во личниот живот, пријателство кое го ставија на „пауза“ во 90-те минути од полуфиналето на Светското првенство.

Но, по крајот на мечот, во кој Франција го совлада Мароко со 2:0, Мбапе директно отиде кај Хакими за да ги разменат дресовите и по некој збор. Тој потоа го облече дресот на Хакими при славјето со своите соиграчи.

Тие имаа и интересна средба и пред мечот, кога си посакаа среќа.

Scroll to Top