Top Sport

Нервозниот Суарез го навредувал судијата на „Местаља“

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, не можеше да се помири со одлуката на судиите на натпреварот Валенсија-Барселона, кои не го видоа голот на Меси во 31.минута, при резултат 1:1.

Уругваецот реагираше жестоко, не ги бираше зборовите кога му обратил на линискиот судија, а комуникацијата ја забележале камерите, пренесува „Ас“.

Суарез го нарекол судијата „кукавица“ и „се..о“.

По ремито на „Местаља“ двете екипи остана на челните позиции и заедно со Атлетико се уште се без пораз. По 13 натпревари Барселона има 35, Валенсија 31, а Атлетико и Реал по 27 бода.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');