Алесандро Неста ќе остане забележан како еден од најдобрите дефанзивци во неговата генерација, против кого многу напаѓачи имале многу тешка задача, дали со италијанската репрезентација (со која стана светски шампион во 2006), дали со Милан.
Но, тој вели дека на Лионел Меси му успеало да го уништи ментално по само 10 минути игра во 2012, во дуелот Милан-Барса во Лигата на шампионите.
„Тоа што ме фрли во депресија е што ме помина десет пати во десет минути, а јас се мачев бидејќи веќе имав 37 години. Во десеттата минута го клоцнав и паднав на земја изморен, ми се гледаа ѕвезди. А, тој веднаш беше над мене и ми подаваше рака да станам. Сфаќате? Бев долу и кога ги отворив очите го гледам неговото лице. Тука ментално ме уништи“, вели Неста.