Македонските фудбалски репрезентативци, Горан Пандев и Илија Несторовски на вечерните мечеви во Серија А имаа половичен успех.
Џенова славеше домашна победа со 2-1 против Фиорентина, но Пандев мечот го проследи од клупата за резерви.
Удинезе, новиот тим на Несторовски иако имаше водство против Парма на домашен терен од 1-0, сепак загуби со 1-3.
Нашиот фудбалер одигра 70 минути за домаќините, но не успеа да се запише во листата на стрелците.
На останатите денешни мечеви во италијанската прва лига, Интер, како гостин го 1-2 го совлада Калјари. Новото засилување на „неоразурите“, Лукаку погоди од пенал за победа на својот тим
Ефикасен меч со дури 5 голови одиграа Аталанта и Торино. На него славеа гостите со 2-3.
Сасуоло, пак, ја совлада Сампдорија со 4-1. Најзаслужен за овој триумф е Доменико Берарди кој постигна хет-трик.
Гостинска победа од 0-1 славеше Верона кај тимот на Лече.