Top Sport

Неуморниот Брозовиќ постави нов рекорд на СП

Марцело Брозовиќ во осминафиналето на СП во Катар, против Јапонија, импресионираше со беспрекорната физичка подготвеност.

Играчот од редот за врска за 120 минути претрча 16,7 километри. Ова е апсолутен рекорд на Мундијалите. Интересно и претходниот рекорд беше во негова сопственост. Пред четири години, во Русија, во полуфиналето против Англија, Брозовиќ претрча 16,3 километри.

Инаку, играчот на Интер, беше еден од тројцата хрватски репрезентативци кои беа прецизни во пенал серијата, која Хрватска ја доби со 3:1.

Scroll to Top