Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн направи неверојатен гаф при одговорот на прашањето кои селекции се фаворити за титулата на претстојниот мундијал во Катар. Тој ја спомена и Италија, а таа нема да биде учесник на СП, освен ако ФИФА не донесе одлука да ги повика „аѕурите“ на местото на Еквадор, кому му се заканува суспензија.
„Има многу добри тимови низ светот. Ги имате врвните европските селекции како нас, Германија, Франција, Шпанија, Италија, тука се и Бразил, Аргентина. За да освоите Светско првенство, мора да одиграте добро на седум натпревари“, изјави Кејн.
¿QUÉ SELECCIONES SON CANDIDATAS EN #QATAR2022? Harry Kane le respondió a @francanepa1 en un mano a mano con #ESPN y puso a Argentina entre las favoritas en el Mundial. pic.twitter.com/0dFZsAJXIl
— SportsCenter (@SC_ESPN) June 7, 2022