Ромелу Лукаку направи неверојатна физичка трансформација во двете годии надвор од Премиер лигата, како што може да се забележи на новите фотографии при потврдата на трансферот во Челси, покажувајќи дека е подготвен да се докаже во својот стар тим.
28-годишниот Лукаку, дефинитивно не е истиот играч како 18-годишникот кој Челси го донесоа од Андерлехт пред 10 години, но очигледно е во многу подобра физичка состојба од времето кога беше фудбалер на Манчестер јунајтед.
Секако, за ова треба најмногу да му се честита на поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте, кој го постави на режим откако на тренинг се појави со 104 килограми. Под водство на нутриционистот Матео Пинчела, Лукаку успеа да се спушти на 93 килограми.
This person and this person are the same person, two years apart. Absolutely mental pic.twitter.com/XbBYauNOM0
— RC (@FutboIRC) August 16, 2021