Top Sport

Неверојатна гледаност на Ла Лига, бројот порасна за речиси 50%

Телевизиската гледаност на натпреварите од шпанската Ла Лига ширум светот порасна за речиси 50% откако фудбалерите се вратија на терените, по тримесечната пауза поради коронавирусот, соопшти раководството на лигата.

И во Шпанија како во најголемиот дел од Европа мечевите се играат без публика.

Најголем пораст на гледаност има во Африка каде процентот на гледаност на Ла Лига се зголемил за дури 73%.

Во Азија порастот на гледаноста изнесува 72, а преносот на мечевите е бесплатен.

Во Европа процентот на гледаност за разлика од порано порасна за 56%. Најголем скок е забележан во Белгија, една од ретките земји, заедно со Македонја која сезоната ја заврши предвреме.

Најголемо интересирање досега имало за мечот Реал Мадрид – Еибар (3-1), изјави претставник на Ла Лига, а потоа следуваат мечевите Барселона – мајорка (4-0) и Севилја – Бетис (2-0).

Scroll to Top