Top Sport

Разбојници нападнале играч на Рома, сакале да му го украдат „ролексот“

Голема непријатност доживеал играчот од средниот ред на калчолигашот Рома, Брајан Кристанте.

Фудбалерот во Рим, во близина на стадионот „Олимпико“ додека бил во својот автомобил, патот му го пресретнале две непознати лица на мотори. Тие со закана побарале од него да им го даде „ролекс“ часовникот што го носел на себе.

Сепак, италијанскиот фудбалер не се исплашил, па излегол од автомобилот со намера да се пресмета со разбојниците.

Според пишувањето на „Кориере дело Спорт“, разбојниците побегнале, а дури и гласно барале помош откако фудбалерот се впуштил во „контранапад“.

Кристанте отишол во најблиската станица и поднел пријава против непознат сторител.
Веднаш започнала потерата по двајцата разбојници.

Scroll to Top