На Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди не му помага ниту новиот тренер, откако клубот од Валенсија по осми пат оваа сезона одигра реми, овојпат 0:0 против Осасуна, останувајќи на последното место на табелата.
Леванте имаат неверојатни 8 ремија и 8 порази оваа сезона, а не помогна ниту поставувањето на новиот италијански тренер Алесио Лиши, откако повторно не најдоа пат до голот на противникот и остануваат на само 13 постигнати голови оваа сезона.
Барди доби шанса да влезе во игра како замена во 67. минута од мечот, но ниту тој не успеа да помогне да се прекине неверојатната лоша серија на клубот.