Top Sport

Хрватите го „помилуваа“ Штрлек и го вратија во репрезентацијата

Ракометарот на Веспрем, Мануел Штрлек доби „помилување“ од страна на Хрватската ракометна репрезентација и ќе биде достапен за избор на селекторот Лино Червар, откако ракометарот напиша молба за враќање во составот.

Штрлек беше исфрлен од репрезентацијата пред Европското првенство оваа година откако самиот изјави дека не сака да игра, по што му беше соопштено дека за него нема место на идните големи натпреварувања, но тој се премисли и со молба бараше да биде „рехабилитиран“, што му беше усвоено од Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) и претседателот Томислав Граховац.

„Како што знаете, Мануел Штрлек напиша молба до Управниот одбор и собранието на ХРС и се извини. Под услови на корона вирусот не можеше да се свика седница на УО и на собранието, но статутот дозволува јас да ја потпишам таа одлука. Сега, изборот е кај селекторот Лино Червар. Ако му треба Мануел Штрлек, тој ќе го повика. Се работи за одличен ракометар и среќен сум што целата работа се заврши вака“, изјави Граховац.

Штрлек моли да го вратат во хрватската репрезентација

Scroll to Top