Њукасл јунајтед на Еди Хау направи голем чекор кон обезбедување на топ 4 пласман во Премиерелигата и место во Лигата на шампионите откако со 4:1 го совладаа очајниот Евертон на „Гудисон парк“, приближувајќи го до втората лига заедно со Саутемптон, кои дома загубија со 0:1 од Борнмут.
Калам Вилсон ги донесе гостите во водство во 28. минута од играта, но Евертон беа во игра барем за поен до последните дваесетина минути игра. Жоелинтон зголеми на 0:2 во 72. минута, Вилсон постигна втор гол три минути подоцна за 0:3, Евертон вратија надеж во 80. минута преку Мекнил, но гостите беа безмилосни и вратија преку во 81. минута за да дојдат на 62 поени, осум пред петтопласираните Астон вила на шест кола пред крајот на сезоната.
На „Сент Мерис“, пак, Саутемптон загуби со голот на Маркус Таверниер во 50. минута од мечот. Сега, Евертон се на претпоследното место на табелата со 28 поени, три под безбедната зона, додека Саутемптон се последни со 24 поени.
ПРЕМИЕРЛИГА, 33.КОЛО
Евертон – Њукасл 1:4
Саутемптон – Борнмут 0:1