Гери Невил открива дека сакал да ја врати капитенската лента во Манчестер јунајтед, но дека Сер Алекс Фергусон му кажал да ја „заддржи еб.ната лента“ бидејќи очекувал битка меѓу Кристијано Роналдо и Вејн Руни за тоа кој да биде капитен на „ѓаволите“.
Невил го наследи Рој Кин како капитен на „Олд Трафорд“ во 2005 година и беше пет години капитен на клубот, иако му кажал на Фергусон дека не се чувствува „достоен“ со лентата покрај толку ѕвезди во тимот.
„Се повредив годината откако станав капитен и сметав дека не придонесувам колку што треба. Отидов кај Сер Алекс и му кажав дека со толку големи ѕвезди не чувствував дека вредам да бидам капитен. Тој ми одговори: ’Заддржи ја еб.ната лента сине, ти и Гигс ќе се менувате’. Сметаше дека му ја даде на Роналдо, Руни ќе збесне. Ако му ја даде на Видиќ, Фердинанд ќе збесне“, вели Невил.
Тој одигра фантастични 598 натпревари за Јунајтед, период во кој освои осум титули од Премиер лигата, два трофеи од Лигата на шампионите и три ФА купа.