Гери Невил вели дека фудбалерите треба да престанат да се извинуваат на социјалните мрежи по промашените пенали, откако Бруно Фернандеш буквално напиша есеј по промашувањето против Астон вила во саботата при 0:1 поразот.
Фернандеш претходно во 22 обиди имаше само една утка од белата точка, но имаше катастрофално изведен обид, по што на социјалните мрежи се извини и вети дека ќе се бори до крај на клубот.
Легендата на Јунајтед, Невил преку Твитер вели дека фудбалерите треба сами да ги пишуваат своите постови на Инстаграм, наместо да им даваат на нивните претставници да даваат вакви изјави.
„Навистина засрамувачки. Тие мораат да ги отпуштат своите ПР луѓе, да зборуваат автентично и да пишуваат сами. Ќе зборувам за ова во следните недели. Сите имаат менаџери за комуникации кои креираат онлајн личности кои не постојат. Културата на извинувања во фудбалот би била океј кога би била искрена. Но, наместо тоа станува тактика за да се маскира слаб настап. По секој пораз, тие луѓе имаат состаноци и си мислат како да го свртиме ова“, пишува Невил.