Top Sport

Невил: Јунајтед нема да биде шампион, тоа е чуден тим

Манчестер јунајтед, во саботата, ја испушти можноста да ја преземе челната позиција во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, неочекувано загубија од Астон Вила на домашен терен. Јунајтед одиграа лош натпревар, а во 93.минута, Бруно Фернандеш не реализира пенал.

Во Англија, се повеќе се критикува работата и Оле Гунар Солскјер. Еден од најгласните критичари е поранешниот капитен на великанот од „Олд Трафорд“, Гери Невил.

„Јунајтед нема да бидат шампиони. Ова го зборував и кога победуваа и кога Роналдо постигнуваше голови. Тие не играат тимски, а тоа е клуч за освојување на првенството. Тимот треба да биде компактен со топката и без неа. Мора да има јасен план и стил на игра. Сега гледаме група на добри индивидуалци кои понекогаш наликуваат на тим“, рекол Невил и дополнил.

„Има многу нови играчи: Роналдо, Санчо, Варан и тиа мора да се прилагодат и во исто време да станат дел од тимот. Само тогаш можеш да победуваш и кога не играш добро. Ова е чудна екипа. За мене тие само некогаш делуваат како победнички тим. Погледнете ги само Челси, Ливерпул и Сити. Тие делуваат како вистински екипи, константно го даваат најдоброто на теренот. Не велам дека Јунајтед не се трудат, но Оле мора да почне од индивидуапците да гради тим“.

Манчестер јунајтед има само една победа на последните четири натпревари, во сите натпреварувања.

Scroll to Top