Top Sport

Нејмар: Тие од „Фудбал ликс“ се неинформирани идиоти

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар одговори на последните тврдења од сајтот „Фудбал ликс“ за наводните „етички бонуси“ кои ги добива од францускиот шампион за аплаудирање на публиката, велејќи дека се работи за „група на неинформирани идиоти“.

„Енвој спесијал“ емисијата на „Франс 2“ ТВ каналот тврдеше дека Нејмар заработува 375.000 евра со тоа што им аплаудира на навивачите.

„Не знам што е полошо, изворот на информациите или тие кои ги пренесуваат. Група на неинформирани идиоти. Доста ми е од нив. Фала му на Бога за трпеливоста која ми ја даде“, напиша Нејмар.

Неговиот сонародник и соиграч, Тијаго Силва, кој наводно добива 33.000 евра за истиот гест исто така се потсмеваше со тврдењата.

„Станува рутина да се пласираат вакви срамни лажни вести“, вели Силва.

Нејмар добива пари ако редовно ги поздравува навивачите

Scroll to Top