Top Sport

Невил: Ниту Роналдо не би бил стартер во Манчестер сити

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил вели дека неговиот стар пријател Кристијано Роналдо не би влегол во првиот тим на Манчестер сити, откако не избра ниту еден фудбалер на „ѓаволите“ во комбинираните „најдобри 11“ пред денешното градско дерби.

И покрај тоа што честопати застанува во одбрана на фудбалерите и тренерите на Манчестер јунајтед, Невил вели дека овојпат нема да има ниту еден „ѓавол“ во најдобриот тим.

„Можам да почнам – Дијаш, Лапорт, Кансело, Вокер… Далеку подобри од задната четворка на Јунајтед. Во средината – Фернандињо, Родри, исто така подобри. Бернардо Силва, Гундоган… Бруно (Фернандеш) е можеби единствениот кој би требало да биде земен во предвид во последните 12-18 месеци, но Де Брујне, Бернардо Силва, Марез, Фоден, Стерлинг. Не можам да го ставам Бруно пред Бернардо Силва и Де Брујне. Во моментов, не можеш да го ставиш ниту Роналдо“, вели Невил.

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Мајка Ричардс не се согласи и порача дека доколку Роналдо би бил во тимот на Сити, веќе би имал 20-25 гола.

Невил одговори: „И кого ќе тргнеш од тимот? Фоден? Стерлинг? Марез? Де Брујне?“.

Scroll to Top