Top Sport

Невниманието на Киелини во Неапол го чинеше Јуве трет сезонски пораз

Еден потег го реши италијанското дерби меѓу Наполи и Јувентус одиграно вечерва на стадионот „Диего Марадона“.

Наполитанците, за кои 30-тина минути во вториот дел одигра и македонскиот фудбалер, Елиф Елмас со голот на Инсиње од пенал во 31 минута славеа со 1-0 и на актуелниот италијански шампион му го нанесоа третиот сезонски пораз во Серија А.

Многу полемики и нервоза на теренот во 29 минута. При еден воздушен дуел Џорџо Киелини со раката повеќе невнимателно го удри противничкиот стопер Рахмани, па по ВАР сигнализација, судијата покажа на белата точка.

Инсиње шансата ја претвори во водство од 1-0.

Во второто полувреме Јувентус направи притисок пред голот на Мерет, свои шанси и добри удари имаа и Роналдо, и Киеза, но и Мората, но домашниот голман потпомогнат од „резервниот“ стоперски тандем Максимовиќ – Рахмани беа на висина на задачата.

Наполи со денешните 3 бода се искачи на четвртата позиција, со ист број бодови колку и конкурентите Рома и Лацио.

Јувентус останува на 42 поени, моментно на третата позиција на табелата.

Scroll to Top