Македонскиот претставник Шкендија вечерва (19 часот) на „Френдс Арена“ во Стокхолм го игра првиот меч од третата квлификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА.
Противник на тетовци е АИК Стокхолм, а искусниот дефанзивец Меџит Незири верува дека тимот може да стигне до позитивен резултат.
„Ќе биде потешко отколку досега, свесни сме за тоа. АИК е искучително квалитетен тим. Но, ние веруваме во своите квалитети и ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до позитивен резултат. Шкендија секогаш атакува на победа, така ќе биде и вечерва, но секако дека на крајот би биле задоволни и со реми, со оглед дека реваншот ќе го играме во Македонија“, изјави Незири.
Тренерот Артим Шаќири дел од својата кариера ја мина во Шведска, играше во тимот на Халмштад.