Top Sport

„Ни успеа планот што го имавме за Ливерпул“

Играчот на Атлетико Мадрид Киран Трипие им одоговори на сите, меѓу кои е и тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, кои ја критикуваа играта на „јорганџиите“ во осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите.

Атлетико, по продолженијата, во Ливерпул победи со 3:2 и со вкупен резултат 4:2 го елиминираше бранителот на титулата.

Екипата од Мадрид со својот карактеристичен стил на игра успеа да победи во двата натпревари против Ливерпул. Таквиот начин на игра не им се допадна на многумина, а тренерот Клоп рекол дека Атлетико можеле да играат „вистински фудбал“ бидејќи имале добри играчи.

„Луѓето ја имаат перцепцијата дека сме дефанзивен тим, но мислам дека претеруваат со коментарите за нашата игра против Ливерпул“, рекол Трипие.

„Ако излезете да играте отворено против Ливерпул тогаш ќе бидете поразени со 6:0. Не знам што очекуваат луѓето. Гледаме и слушаме аналитичари и коментатори кои се жалат бидејќи ние сме се бранеле, па дали очекуваа дека ќе излеземе на „Енфилд“ и дека ќе нападнеме, особено ако се знае како игра Ливерпул?“.

„Морате да дојдете со план и ние тоа го направивме. Моравме да се браниме, а најважно е дека победивме“, рекол десниот бек на Атлетико.

„Знаевм дека ќе изгорат поради притисокот во кој вложија толку енергија. Знаевме дека во еден момент ќе го намалат притисокот. Ни требаа преку 100 минути, но победивме. Луѓето можат да се жалат колку што сакаат, но ваква игра ни беше потребна за тој натпревар. Ливерпул не ги искористи своите шанси, ние победивме во двата натпревари. Нашиот план успеа“, заклучил Трипие.

Scroll to Top