Top Sport

Ница го исфрли ПСЖ од Купот на Франција!

Ница се пласираше во четврт-финалето на Купот на Франција, откако на „Паркот на принцовите“ по долгата пенал-серија стигна до 6:5 победа над апсолутниот фаворит Пари Сен-Жермен, исфрлајќи ги Лео Меси и Килијан Мбапе од натпреварувањето.

Меси, во првиот старт за ПСЖ по позитивниот тест на КОВИД-19, го носеше својот стар број 10 поради правилата во Францускиот куп кои дозволуваат броеви од 1 до 11 (а тој го избра бројот 30 во францускиот клуб), но заедно со Килијан Мбапе во нападот не успеаја да ја пробијат одбраната на Ница во регуларните 90 минути.

Во пенал серијата, Леандро Паредес прв промаши, откако полскиот голман Марсин Булка му го фати обидот во третата серија, но веднаш одговори Џанлуиџи Донарума со одбраната на Делор во наредниот пенал. Во седмата серија, обидот на холандскиот фудбалер на ПСЖ, Чави Симонс заврши во рацете на Булка за голема победа.

Ница во четврт-финалето ќе игра со својот лут ривал, Олимпик Марсеј.

Scroll to Top