Top Sport

Ремзи претставен во Глазгов Ренџерс

Глазгов Ренџерс го комплетираа договорот да го донесат Велшанецот Арон Ремзи на позајмица од Јувентус, откако поранешната ѕвезда на Арсенал одби неколку премиерлигашки клубови со понуди во јануарскиот преоден рок.

Ремзи може да дебитира за тимот на Џовани ван Бронкхорст веќе во среда навечер, кога се игра „Олд Фирм“ дербито против Селтик. Со ова се става крај на несреќниот трансфер на 31-годишниот Велшанец во Јувентус, каде што поголемиот дел од времето беше повреден.

„Пресреќен сум што доаѓам во клуб како Ренџерс, каде што има многу за освојување до мај. Имав повеќе понуди, но ниту една не беше од големината на овој клуб, со европски фудбал и со 50.000 фанови секоја недела. Едвај чекам да се сретнам со навивачите“, изјави Ремзи.

Ренџерс во јануарскиот преоден рок добија уште еден фудбалер на позајмица, младиот талент на Манчестер јунајтед, Амад Диало, кој веќе дебитираше со гол за шкотскиот шампион.

Scroll to Top