Top Sport

Ница го сака на позајмица Николас Пепе од Арсенал

Ница ќе се обиде да го ангажира крилниот напаѓач на Арсенал, Николас Пепе. Намерата на францускиот клуб е да го ангажира 27-годишниот играч, кој се уште е најскапото засилување во историјата на „топчиите“, на позајмица до крајот на сезоната. И самиот играч е отворен за можноста за враќање во Лига 1.

Пепе не доби ниту една минута за Арсенал во новата сезона. Клубот од северен Лондон потроши на него 80 милиони евра во 2019 година, но тој никогаш не успеа да ја потврди таа голема инвестиција и да ги покаже игрите поради кои беше купен од Лил.

Пепе минатата сезона постигна само еден гол на 20 натпревари во Премиерлигата.

Scroll to Top