Нигерискиот репрезентативец Ифеањи Џорџ загина во сообраќајна несреќа во Абуду со уште двајца патници.
26-годишниот Џорџ, кој имаше два настапи за „Супер орлите“, патувал кон престолнината Лагос во неделата наутро, а во автомобилот имало уште двајца патници, еден соиграч на Џорџ од нигерискиот клуб Ренџерс и еден негов пријател.
Џорџ дебитираше за Нигерија во квалификациите за Африканскиот куп на нации против Бенин, но не беше дел од репрезентацијата која играше во финалето на турнирот.