Top Sport

Златан се налутил на Милан, се пензионира и почнува тренерска кариера?

Златан Ибрахимовиќ, налутен од заминувањето на Звонимир Бобан од клубот, е подготвен да се пензионира и да почне со својата тренерска кариера, наместо да игра втора сезона со Милан, јавуваат дел од италијанските медиуми.

Шведскиот 38-годишен ветеран се врати во Милан од Лос Анџелес галакси на шестмесечна позајмица до крајот на сезоната, со опција за уште една година, но според „Спорт медијасет“, веќе решил да се повлече од фудбалот по бурните неколку месеци во клубот.

На одлуката делумно влијаела одлуката на извршниот директор на клубот, Иван Газидис да го отпушти спортскиот директор Звонимир Бобан околу несогласувањата за тоа што треба да направи во иднина клубот – Бобан сакаше Стефано Пиоли да остане на клупата, а Газидис има амбициозен план да го донесе Ралф Рангник од РБ Лајпциг во улога на „англиски“ менаџер.

Бобан бил еден од луѓето кои биле клучни во трансферот на Златан во Милан, каде што последен пат играше во 2012 година. Ибра постигна три гола во Серија А и уште еден во Копа Италија во 10 меча за „росонерите“.

Scroll to Top