Top Sport

Нико Паз ќе го пропушти СП?

Настапот на Ник Паз на Светското првенство е неизвесен поради повредата на коленото здобиена во претпоследниот натпревар од сезоната. Иако на почетокот изгледаше како мала повреда, сомнежите за нејзината вистинска сериозност и потребното време за закрепнување предизвикуваат сè поголема загриженост во аргентинската репрезентација, пишува шпански „АС“.

Фудбалерот од средниот ред на Комо сè уште чувствува последици од ударот во коленото што го доби против Верона, поради што го пропушти последниот меч во сезоната.

Првичниот оптимизам за неговото закрепнување стивна во последните часови, а сега се разгледува можноста дека станува збор за повреда што не е само од мускулна природа.

Неговата состојба ќе се оценува секојдневно пред да се донесе конечна одлука, но во моментов неговиот настап на СП е „под знак прашалник“.

По извонредната сезона, во која го водеше комо до историскиот пласман во Лигата на шампионите, Паз беше предвиден како еден од важните играчи во процесот на обнова на аргентинската репрезентација.

Неговото отсуство би оставило значителна празнина во средниот ред на светските шампиони, на кои по пензионирањето на Анхел Ди Марија им недостасуваат токму креативни играчи каково што е Паз.

Доколку се потврди дека Нико Паз нема да може да настапи на Светското првенство, играчот за кој се вели дека е главен кандидат за неговото место е Емилијано Буендија, уште еден виртуоз кој потекнува од фудбалската школа на Реал.

По извонредниот крај на сезоната во која ја предводеше Астон Вила до пласман во Лигата на шампионите, неговиот повик би бил повеќе од оправдан.

Буендија е играч способен да ги покрие сите позиции во напаѓачката третина од теренот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');