Top Sport

Никој не сака да го купи Бејл, Реал подготвени да го „позајмат“!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека не го сфаќа односот на навивачите кон Герет Бејл, откако тој беше исвиркан при 3:0 победата над Атлетик Билбао. Бејл, кој освои четири титули од ЛШ во пет сезони во Мадрид, а постигна клучни голови во две од финалињата, едноставно не успева да ги освои срцата на навивачите.

„Навистина не знам. Едноставно не го разбирам тоа“, вели Зидан.

Бејл влезе како замена и утна една шанса што уште повеќе ги налути фановите, кои пак со овации го пречекаа Иско. Според шпанските медиуми деновите на Велшанецот се одбројани на „Бернабеу“, иако постои мал проблем – никој не сака да го купи.

„Намерата е да биде продаден, но нема понуди. Сега, тука е идејата тој да биде позајмен“, се вели во „Марка“, весникот кој е близок до клубот.

Во весникот продолжуваат со високо критичен текст за него.

„Мадрид се ’влечкаат’ со Бејл. Тој ја заврши ланската сезона како замена и тоа ќе се случи и оваа сезона. Тој продолжува да вели ’goood morning’ наместо ’buenos dias’ кога вели нешто. Недостастокот на спортската вредност сега е надополнет со недостаток на економска вредност. Тој е многу скап фудбалер и има многу фудбалери кои земаат помалку од него, но земаат помалку“, се вели во коментарот.

Во 2016, Бејл доби нов договор до 2022 година, со кој беше третиот најплатен фудбалер на светот, но критиките не престануваат.

Scroll to Top