Top Sport

Љубов од детството – фотографија од 1998 на која Меси е со својата сегашна сопруга

Аргентинскиот портал „Ел диарио ла капитал де Мар дел Плата“ објави досега необјавена фотографија на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси со неговата сопруга Антонела Рокуцо, фотографија која доаѓа од далечната 1998 годинаво која Меси има само 10 години.

Капитенот на Барселона се ожени со својата љубов од детството во 2017 година, но тие се познаваат од својата 10-та година.

Според порталот, фотографијата е направена додека Меси со својот прв клуб Њуелс олд бојс играл на турнир со Бока јуниорс, Индепендиенте и Велес Сарсфилд, но имал ден одмор за да се одмори на плажа со Матијас Пече, Лукас Скаља и братучетката на Скаља, Антонела Рокуцо. Со нив биле семејствата Скаља и Рокуцо, кои допатувале да ги гледаат Њуелс олд бојс. Родителите на Меси, Хорхе Меси и Селиа Кучитини останале во Росарио.

Scroll to Top