Кевин Принс-Боатенг направи изненадувачки трансфер од Сасуоло во Барселона. Барса го позајми овој фудбалер, а по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор.
Трансферот што изненади многумина, кај некои предизвика лутина. Станува збор за играчите на „Фудбал фантази“. Во Италија оваа игра се игра преку „Газета дело Спорт“, а за најдобрите се обезбедени и парични награди.
Еден од нив, кој го имал Боатенг во својот тим му пишал порака на Боатенг, му ја објаснил ситуацијата и низ шега побарал надомест за парите што ќе ги изгубел. Навивачот му го испратил и бројот на сметката.
Навивачот се обидел да се пошегува, но Боатенг пораката ја разбрал сериозно и ги уплатил парите.
Играчот на „Фудбал фантази“ бил шокиран од гестот на новиот играч на Барселона. Тој парите ги донирал во хуманитарни цели и му напишал на Боатенг: „Ти не си принц, ти си крал“.