Српскиот ас на Ајакс, Душан Тадиќ постави рекорд кој им избега на многу статистичари, постигнувајќи 37 асистенции во каледнарската 2021, така подобрувајќи го рекордот на Лионел Меси од 36 асистенции во 2011 година.
Во 2021 година, Тадиќ асистирал за 31 гол на Ајакс и 6 на српската репрезентација, а до крајот на годината има уште две шанси да го подобри рекордот – во недела тие гостуваат кај Феенорд во „Де класикер“, а во среда на 22 декември ги пречекуваат Фортуна Ситард.
33-годишниот ветеран веќе има 11 асистенции во 16 натпревари во холандската прва лига Ередивизие, а исто така постигна и шест гола. Во Лигата на шампионите, тој има 1 гол и 1 асистенција во 5 меча.
This one flew under the radar… ?
Tadic has broken Messi's record for most assists in a calendar year ? pic.twitter.com/cn03BljIcb
— International Champions Cup (@IntChampionsCup) December 17, 2021