Англискиот фудбалски стручњак Нил Ворнок ја презеде менаџерската функција во Абердин, објавено членот на шкотската Премиер лига на официјалниот сајт.
Како што беше најавено, Ворнок (75) потпиша договор до крајот на сезоната. Искусниот тренер на клупата го наследи Бери Робсон, кој доби отказ по низата разочарувачки резултати, реми и три порази во последните четири натпревари.
Абердин моментално е осми на табелата во Премиер лигата со 25 бодови, еден помалку од шестопласираниот Данди, последниот што оди во плеј-офот.
Во својата богата тренерска кариера, Ворнок водеше дури 15 клубови, меѓу кои најпознати се Шефилд Јунајтед, Лидс, Кристал Палас, Квинс Парк Ренџерс, Кардиф, Мидлсброу и до септември минатата година Хадерсфилд.
Дресот на Абердин го носи македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Тој со 12 гола е најдобриот стрелец на клубот од „Питорди“ стадионот.