Кристијано Роналдо поради коронавирусот ќе го пропушти натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Втор пат во последните дена тестот што му бил направен на Португалецот бил позитивен.
Ова значи дека Роналдо ќе мора уште некој ден да мине во домашен карантин што значи дека нема да игра против Верона на 25.октомври во Серија А и три дена подоцна против Барселона.
Оваа информација ќе ги разочара фудбалските фанови кои со нетрпение го чекаа првиот дуел помеѓу Роналдо и Меси, по пауза од две години.
??? Cristiano, nuevo positivo: baja contra el Barça https://t.co/pW8GPj8OcH
— MARCA (@marca) October 22, 2020