Златан Ибрахимовиќ ќе остане во американската МСЛ, иако последниот месец се поврзуваше со Милан.
Италијанските и шведските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ нема да се врати во Милано, а како причина го наведуваат семејството. Напаѓачот рекол дека на неговата сопруга и децата им е добро во Лос Анџелес и дека не сакаат да се вратат во Европа.
Покрај тоа челниците на клубот планираат да му ја зголемат платата на 38-годишниот фудбалер.
Ибрахимовиќ во својата прва сезона за Галакси одигра 34 натпревари и постигнал исто толку гола.