Македонската ѕвезда на Лидс, Езѓан Алиоски прво постигна гол во 93. минута за да израмни против второлигашот Хал во меч од Англискиот лига куп, по што за малку ќе беше трагичар кога го утна пеналот во пенал серијата, по која Лидс сепак беа елиминирани по неверојатни десет изведени пенали.
Во аут се и Саутемптон, кои беа „матирани“ во пет минути во финишот на првото полувреме со 0:2 од Брентфорд.
Вест Бромвич Албион немаше проблем со нисколигашот Харогејт и ги победи со 3:0, додека Александар Митровиќ им донесе 1:0 победа на Фулам на гости кај Ипсвич
ЕФЛ ЛИГА КУП, 1/32 ФИНАЛЕ
Вест Бромвич Албион – Харогејт 3:0
Ипсвич – Фулам 0:1
Бристол сити – Нортхемптон 4:0
Лидс – Хал 1:1, 8:9 пенали
Саутемптон – Брентфорд 0:2
Евертон – Салфорд