Top Sport

Дракслер ги „спасуваше“ ПСЖ за прва победа во новата сезона

Финалистот од Лигата на шампионите, Пари Сен-Жермен едвај по три кола во француската Лига 1 успеа да стигне до првата победа, откако Јулијан Дракслер постигна гол во 93. минута за 1:0 победа над Мец, тим кој досега исто како и ПСЖ имаше два порази во низа.

Без Килијан Мбапе, кој е во изолација поради корона вирусот, и без Нејмар, Леандро Паредес и Лајвин Курзава, кои добија црвени картони во првиот меч, Томас Тухел имаше мака да го состави првиот тим во вториот меч за само три дена за „светците“.

Да биде ситуацијата полоша, уште еден фудбалер на ПСЖ, Абду Дијало доби црвен картон и него го очекува суспензија. На крајот, Дракслер беше клучен човек на Тухел за важна победа за враќање на самодовербата.

Scroll to Top