Португалија е блиску до пласман во осминафиналето на Светското првенство во Русија, откако Кристијано Роналдо постави нов рекорд за да ги крене до 1:0 победа над Мароко во вториот меч од групата Б.
По херојскиот хет-трик за 3:3 реми со Шпанија, Роналдо го постигна единствениот гол во дуелот со незгодната африканска нација за да ги крене надежите дека Португалија може далеку доколку тој е во топ-форма. Иако пред мечот неколку португалски репрезентативци потсетија дека фудбалот го играат 11 луѓе на теренот и посочија дека не е само Роналдо на теренот, овојпат победата повторно ја осигура токму тој.
Роналдо уште во 4. минута го постигна прекрасниот гол со глава, негов 85. во португалскиот дрес, со што стана најдобар европски голгетер во историјата, поминувајќи го легендарниот Унгарец Ференц Пушкаш (84) и останувајќи само зад Иранецот Али Даеи (109 гола).
What a goal. ?????
It’s an honour and a privilege to have witnessed Cristiano Ronaldo playing football. #PORMAR#WorldCup pic.twitter.com/eleLPNjmnQ
— J:Moss ?? (@MnisiJulius) June 20, 2018
Притисокот на мароканскиот гол продолжи и во 9. минута, Роналдо шутираше од далеку, но потоа африканскиот тим ја врати рамнотежата во играта и често беше пред голот на Португалците. Амрабат посебно им правеше проблеми на Португалците, а Мароко двапати бараше пенал, но судијата Гајгер и ВАР не се огласија.
Роналдо во 32. минута се обиде од слободен удар од 15-тина метри, а во 38. минута одлично го проигра Гуедеш, но одбраната на Мароко беше сигурна.
Мароканците „притиснаа“ на почетокто на второто полувреме, заканувајќи се двапати преку Белханда, а во 60. минута, капитенот Бенатија шутираше силно од десетина метри, но не беше прецизен.
Мароко имаше поголем посед на топката во текот на целиот меч, но ниту една од шансите не успеаја да ја реализираат до крај, со се првиот тим кој е елиминиран од Мундијалот по поразот од 0:1 од Иран во првиот меч.
Фото: ЕПА