Top Sport

Шкендија со убедлив триумф ја прослави титулата, Работнички со важна победа во Струмица

Шкендија со 4:1 го совлада тимот на Академија Пандев во дербито на 35. коло од Првата лига, за со убедлив триумф да ја прослави својата трета титула пред своите навивачи, додека Работнички стави крај на одличната серија на Беласица триумфирајќи со 1:0 во Струмица за да се искачи на четвртото место на табелата.

Вардар со 6:0 беше убедлив против фенерџијата Победа, додека Шкупи и Ренова одиграа 2:2 во интересното дерби на средината на табелата. Македонија Ѓорче Петров со 2:0 го победи Силекс во директната борба за опстанок.

ПРВА ЛИГА, 35.КОЛО

Беласица – Работнички 0:1

Македонија Ѓорче Петров – Силекс 2:0

Шкендија – Академија Пандев 4:1

Шкупи  – Ренова 2:2

Вардар – Победа 6:0

Табела: 1.Шкендија 79, 2.Вардар 63, 3.Академија Пандев 57, 4.Работнички 46, 5.Шкупи 45, 6.Ренова 44, 7.Македонија ЃП 44, 8.Силекс 41, 9.Беласица 38, 10.Победа 23.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top