Top Sport

Ниту нов гол на Кавани, ниту пенал во 100. минута не беа доволни за победа на Валенсија

Валенсија и Севилја одиграа повеќе од 100 минути фудбал во бурен меч на „Рамон Санчез Писхуан“, во кој Единсон Кавани ја продолжи голгетерската серија во новата лига, а гостите успеаја да утнат пенал во 100. минута за на крајот да се одигра 1:1 во дуел на двајца жестоки тренери, Хорхе Сампаоли и Џенаро Гатузо.

Кавани, кој минатата сезона постигна само 2 гола цела сезона, стигна до својот трет гол во четири меча во дресот на Валенсија уште во шестата минута од мечот. По ова, Севилја бркаше израмнување и имаше повеќе од играта, пред во 86. минута, Ерик Ламела, конечно да израмни на 1:1.

По уште неколку шанси пред голот на „лилјаците“, тие во 100. минута од мечот по еден контранапад добија пенал. Хозе Гаја не успеа да обезбеди три поени за Валенсија, откако Боно му ја фати „жива“ топката.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top