Кога се чинеше дека „клетвата“ е прекината со победата над Хофенхајм, Шалке повторно сврза два порази во низа, овојпат од директен кандидат за испаѓање, Келн и тоа со гол во 93. минута од мечот.
Дефанзивецот Рафаел Чикос ги донесе Келн во водство во 31. минута од мечот, но Шалке израмни во 57. минута преку Американецот Метју Хоуп, и беше на секунди пред освојување на поенот, кога Јан Тилман во 93. минута ги урна надежите на „кралско сините“.
Со трите поени, Келн скокнува на 15. место со 15 поени, додека Шалке се убедливо последни со 7 освоени поени.