Top Sport

Џокерот на Червар е Игор Карачиќ

Хрватскиот селектор Лино Червар потврди дека пред втората рунда од Светското првенство, ќе ја засили репрезентацијата со поранешниот вардарец, Игор Карачиќ, кој се опорави од повредата на препоните.

Карачиќ влегува во тимот на местото на Јакно Кевиќ, а во тимот ќе се приклучи и Матеј Хрстиќ, кој беше на пошироката листа за Светското првенство. Карачиќ е целосно подготвен за акција и ќе биде достапен за мечот против Бахреин, кој на програмата е утре. Тој признава дека имал проблеми со полскиот Кјелце околу настапот.

„Имав проблеми во клубот, но на крајот добив зелено светло. Знаат колку на Хрватите им значи играњето за репрезентација и ќе биде чест во овие тешки моменти да се донесе малку радост за Хрватска“, вели Карачиќ.

Scroll to Top