Хрватската поп-дива, Нивес Целзиус за „жал“ му порача на англискиот репрезентативец Рубен Лофтус-Чик дека нема да навива за него, туку за нејзината Хрватска во полуфиналето на Мундијалот во Русија.
Фудбалерот на Челси ѝ е толку симпатичен на Целзиус, што таа му посвети статус на Инстаграм со провокативна фотографија.
„Драг Рубен. Ти си кукла, пресладок и прекрасно е да се гледа Англија, не само поради фудбалот туку и поради тоа што кога ќе се појавиш на екранот, срцето ми поскокнува. Толку си прекрасен што кога се смееш привлекуваш многу жени да навиваат за Англија. Но, жал ми е, во следниот меч не сакам да се смееш. Хрватска е мала нација, ги имаме најубавите природни жени на светот, а и мажите не се полоши. Имаме прекрасно море, реки, планини и природа, кои не ги цениме, бидејќи најчесто внимаваме на тоа како ќе ги платиме сметките. Затоа, Хрватска мора да биде светски шампион, бидејќи го заслужуваме тоа. Но, сигурно си сладок кога плачеш. За утеха, дојди на Јадранот“, напиша Целзиус.