Top Sport

Реал му се заблагодари – Роналдо е веќе играч на Јувентус

По девет години во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо официјално заминува од „Сантијаго Бернабеу“ во вторникот за да се приклучи на италијанскиот шампион Јувентус за сума од околу 105 милиони евра, потврдија од европскиот шампион.

33-годишниот Португалец заминува од Реал со 438 натпревари во кои има постигнато неверојатни 451 гол и со четири титули од Лигата на шампионите, и три од шпанската лига.

„Денеска, Реал Мадрид сака да му се заблагодари на фудбалерот кој се покажа како најдобар на светот и кој дефинираше една од најблескавите ери во историјата на Реал Мадрид и светскиот фудбал. Покрај освоените титули, трофеите и триумфите на теренот во овие девет години, Кристијано Роналдо е вистински пример за посветеност, работа, одговорност и талент“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Официјалната презентација во Јувентус се очекува во наредните часови.

Scroll to Top