Top Sport

Њукасл го исфрустрира Ливерпул за реми без голови

Њукасл имаше под 30 отсто посед на топката, но успеа да извлече 0:0 реми против шампионот Ливерпул на „Сент Џејмс парк“, откако гостите не успеаја да го направат конкретниот чекор напред и сега имаат само 3 поени предност пред Манчестер јунајтед на табелата, со тоа што „ѓаволите“ имаат натпревар помалку.

Иако во првото време имаа 23 отсто посед на топката, Њукасл имаа шест удари на голот на Ливерпул во споредба со четирите на гостите, за кои Вилсон ја имаше најконкретната шанса. Карл Дарлоу на голот на Њукасл исто така беше фантастичен, без ниту една грешка.

И второто полувреме помина во ист ритам – Садио Мане во 54. минута имаше одлична шанса, но неговиот удар заврши покрај голот, а десетина минути подоцна и Мохамед Салах беше во одлична шанса. И Њукасл имаше свои шанси, но на крајот менаџерот Стив Брус мора да е презадоволен од остварениот резултат.

Ливерпул сега имаат 33 поени од 16 меча, Манчестер јунајтед се втори со 30 од 15 меча, додека Лестер и Евертон имаат 29 поени во супер-интересна „мешаница“ на врвот на табелата. Њукасл се 14-ти со 19 поени.

Scroll to Top