Њукасл го донесе првото засилување во ерата на новите газди. Официјално нов играч на најбогатиот клуб во светот е Киран Трипие. Англискиот репрезентативец на „Снет Џејмс парк“, пристигна од Атлетико Мадрид.
„Атлетико Мадрид се договори со Њукасл околу трансферот на Киран Трипие. Англискиот репрезентативец во клубот дојде во 2019 година, одигра 86 натпревари за црвено-белите, на кои забележа 11 асистенции. Минатата сезона беше дел од тимот кој ја освои шампионската титула. Атлетико Мадрид му посакува се најдобро на Киран Трипие“, сооптшти шпанскиот клуб.
Њукасл за Трипие ќе плати помеѓу 12 и 15.000.000 евра. Фудбалерот потпиша две и пол годишен договор, за неделна плата од 120.000 фунти. Во Њукасл, Трипе ќе го носи дресот со број 15.