Top Sport

Њукасл го претставија контроверзниот „саудиски“ дрес

Њукасл јунајтед го поставија својот нов трет дрес на продажба преку нивниот веб-шоп, кој контроверзно е во боите на знамето на Саудиска Арабија, откако токму државната компанија ПИФ откупи 80 отсто од премиерлигашот.

Дел од навивачите сметаат дека користењето на боите на саудиската фудбалска репрезентација е само доказ за филозофијата „парите пред принципите“, но дел од навивачите на Њукасл се воодушевени од дизајнот.

„Њукасл јунајтед го објавува својот официјален трет дрес за сезоната 2022/23, по класичниот црно-бел домашен дрес. Дресот е дизајниран од ‘Касторе’, британскиот спортски бренд и ќе биде носен на гостински натпревари“, се вели во објавата на клубот.

Scroll to Top